Голман, десен бек и везиста се првите аквизиции на кавадаречкиот прволигаш.
Фудбалерите на ГФК Тиквеш во пресрет на она што се вика жестока борба за бодови потребни за опстанок во елитата стартуваа сериозно со подготвителниот период. На првата прозивка на тренерот Костов се јавија сите расположливи фудбалери а беше забележливо дека ростерот ке претрпи измени .
Од обврските кон клубот се ослободени странците Мирковиќ, Идризовиќ и Фортунато како и домашните фудбалери Наумчески, Тофилоски и Христов. Прво засилуваање односно ново име во ростерот беше младиот перспективен голман Мартин Давков кој дојде од редовите на Кит Го.
Во меѓувреме Тиквеш го ангажираше и левиот бек Глигор Дончев кој дојде од екипата на Охрид и иако има само 23 год претходно настапувал и за Саса, Осогово, А.Пандев и Турново. Последна аквизиција на кавадарчани е бугарскиот интернационалец Николај Христов кој игра во средниот ред а дојде од екипата на Левски Лом каде беше и капитен. Инаку Христов има настапувано и за штипска Брегалница кога тренер беше токму Влатко Костов.
М.В.
Додади коментар