Најостро ги демантираме денешните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци дека Владата планира да гради бегалски кампови, од кои еден и во Кавадарци. Ова е чиста ЛАГА и ГРУБА МАНИПУЛАЦИЈА со јавноста и граѓаните на Кавадарци.
За жал со однесувањето од последните неколку месеци, ДПМНЕ покажа дека е една несериозна банана партија која без никакви факти, документи и податоци, излегува со прес конференции каде раскажува трачеви, и шири лаги и невистини.
Ние како владеачка партија најодговорно тврдиме дека ниту се планирани, ниту пак ќе се градат бегалски кампови во Македонија, а особено не во Кавадарци! Бараме под итно да им се извинат на граѓаните на Кавадарци поради тоа што ги вознемируваат со вакви лажни вести.
И уште еднаш најсериозно и најискрено ги советуваме да се фокусираат на реформирање на својата партија од криминалните структури кои изминативе 10 години економски, социјално и културно ја опустошија Македонија. Бидејќи ако продолжат со ваквото несериозно и трачарско однесување, не само што катастрофално ќе ги изгубат локалните избори, туку ќе станат и маргинална партија на политичката сцена во Македонија - реагираат од ОО на СДСМ Кавадарци по денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на кој обвинија за изградба на мигрантска населба во Кавадарци.

Додади коментар