На денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци обвинија дека владата на СДСМ имала во план да направи мигрантска населба во Кавадарци, исто како во Гевгелија, Дојран, Битола и Прилеп.
(интегрален текст)
СДС донесе акциски план за вдомување на 200.000 мигранти на територијата на Република Македонија, со што Македонија од транзитна земја ќе стане земја во која вештачки ќе се менува демографијата на населението.
Градот Кавадарци, исто како Гевгелија, Дојран, Битола и Прилеп е еден од градовите каде што СДСМ има намера да сместува мигранти и да му издава наши документи.
Општина Кавадарци ниту има можности, нити ресурси да обезбеди сместување на мигранти како што налагаат. Кавадарци штотуку почна економски да се развива. Со намалувањето на невработеноста се појави потреба за работна сила надвор од општина Кавадарци, но наместо СДС да направи услови да не ни заминуваат младите во западните земји, СДС по налог на некои сили сакаат Македонија и Кавадарци да ги наполнат со луѓе кои не им требаат во Европа.
Ние во Кавадарци без разлика на одлуката на влада, нема да дозволиме некои други народи да ни ги земаат работните места, нема да дозволиме да се наруши безбедносната состојба во градот.
Владата на СДС не ги штити интересите на сопствените граѓани! На граѓаните им е доста од манипулациите и марионетските потези. За ова следува политиќка одговорност.

Додади коментар