Кавадаречкиот совет денеска во рамки на 53-тата седница ја усвои програмата за одбележување на празникот на лозарите Свети Трифун доставена од Иноватива груп.
Советникот Вуко Мелов од СДСМ забележа дека активностите за одбележување на празникот треба да ги реализираат локалните институции од културатата, наместо да се делегираат надлежности на приватна компанија.
Усвоени беа и измените и дополнувањата на програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на општина Кавадарци за 2025 и програмата за изработка и донесување на урбанистички планови за 2025 година.
Се донесе одлука за формирање на заедничка комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу општините од Вардарскиот регион, а беа именувани и членови на таа комисија. Исто така советот ја донесе и олдуката за воспоставување на меѓу општинска соработка помеѓу општините од Вардарскиот регион во областа на туризмот. Беше разгледан и усвоен кварталниот и кумулативниот извештај за работењето на ЈП за превоз на патници Градски превоз за минатата година.
Се донесе одлука за субвенционирање на ЈП Јасмин во делот на обезбедување на хонорари за луѓето кои беа ангажирани од локалните институции на задачи во скијачкиот центар. Беа разгледани и усвоени извештаите за работењето на ОВР Кавадарци и ТППЕ Кавадарци.
Во рамки на седницата беа донесени и други одлуки, а советниците поставија и повеќе советнички прашања до градоначалникот.
А.Д

Додади коментар