Реакција од градоначалникот Митко Јанчев на обвинувањата од Еко живот
07-02-2018 РЕГИОН
Денес Еко живот на својот фејсбук профил објавија фотографија и во објаснувањето за истата има напишано многу невистини и неаргументирани обвинувања.
Нивните информации се невистинити, новиот ГУП се проектира исклучиво по основ на сите закони и регулативи на Република Македонија.
Градоначалникот Митко Јанчев во изминатите 3 месеци, напорно работи и покажа и дека во иднина екологијата и хигиената на Општина Кавадарци ќе бидат приоритетни во неговата работа.
Со ваквите невистинити информации Еко живот само се обидува да добие популизам - се вели во реакцијата од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Од градоначалничкиот кабинет додаваат дека дрвата се исечени поради безбедносни причини бидејќи истите биле стари шеесетина години.
Додади коментар