ЕКО ЖИВОТ: Некој сака да им го одземе кислородот на кавадарчани
07-02-2018 РЕГИОН

 

Екологистите од невладината организација „Еко живот“ од Кавадарци денеска реагираа поради сечењето на дрвја во градскиот парк во Кавадарци. Сметаат дека е прекршен законот за животна средина и некој сака да им го одземе правото на кислород на кавадарчани.

 

„Најлесен начин урбаните криминалци да дојдат до градежно место е ако се исечат некои дрва, ако се уништи некое паркче и ако се пренамени локацијата во ГУП од парк во урбана парцела!!!! Во Кавадарци имаме прекршок на законот за Животна средина кој е јасен: Од вкупната градска површина 20-25%минимум зеленило, а во новиот ГУП кој се спрема има 10% и се предвидува Г1 индустрија (цинкара и ...слично). Значи новиот проектант на ГУП во Кавадарци сака да немаме кислород воопшто за дишење и сака да ни ги исече и тие малкуте дрвца што останаа“ реагираат од „Еко живот“ и бараат од градоначалникот и советниците на град Кавадарци доколку имаат свое мислњењ да донесат мораториум за сечење дрва од градското зеленило.

А.Д

 

Вестите на порталот на КТВ се за лично информирање. Не е дозволено нивно превземање без договор со телевизијата


Share

Додади коментар