Поевтинуваат бензините и дизелот
03-11-2014 МАКЕДОНИЈА
Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од полноќ да се намалат центите на нафтените деривати, па така, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 денар, а дизелот поевтинува за половина денар.
Од полноќ новите цени на ЕУРОСУПЕР БС изнесува 73,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 денари за литар
Дизелот ќе се точи за 62,5 денари по литар. Новата цена на екстралесното масло за домаќинство се намалува за половина денар и ќе изнесува 51,00 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,058 ден/кг и ќе се продава за 34,835 денари за килограм, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Додади коментар