Вонредно ќе заседава кавадаречкиот совет во вторник. Единствена точка на дневен ред е барање мислење од општината што го достави Министерството за животна средина и просторно планирање за отворање нови линии за проширување на асортиманот на производи и линии за нови производи од ИГМ трејд.
Во меѓувреме екологистите и невладиниот сектор ја спроведуваат петицијата за собирање потписи токму против овој проект на инвеститорот.
Деновиве на прес конференции советничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го повторија својот став дека се против отворање на објект кој ќе го загрозува здравјето на кавадарчани.
„Советот на Општина Кавадарци едногласно изгласа против барањето за пренамена на земјиштето на ИГМ од Г2 во Г1. По ова прашање нема потреба повторно да се дискутира или да се прегласува – се произнесе деновиве на својата фејсбук страна и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
A.Д

Додади коментар