(ВИДЕО) СДСМ со поддршка на иницијативата за собирање потписи против тешка индустрија
01-11-2018 РЕГИОН

 

Советничката група на СДСМ во кавадаречкиот совет и општинската организација на СДСМ денеска на прес конференција дадоа поддршка на иницијативата за собирање на потписи против тешка индустрија. Советникот Петар Николов нагласи дека советниците во советот и понатаму  ќе го штитат интересот на граѓаните за здрава и чиста животна средина.

 

(интегрален текст) Во изминативе неколку денови, во Кавадарци се појави граѓанска иницијатива против тешка индустрија. Ние како СДСМ ги подржуваме овие иницијативи.

Како претставници на граѓаните во Советот на општина Кавадрци, се грижиме за здравјето на нашите сограѓани. Се грижиме да нашите сограѓани живеат во здрава животна средина

Тоа е севкупен наш интерес.

Тоа е интерес на секој оној кој живее на територија на општина Кавадарци.

Сите ние сакаме нашите најблиски да живеат во една чиста и здрава животна средина.

Затоа сакам да им порачам на граѓаните на општина Кавадарци да останат спокојни. Ние како советничка група на СДСМ ниту во минатото, ниту пак во иднина ќе подржиме било какво решение кое ќе загрози здравјето на нашите сограѓани.

Со нашето делување во Советот на општина Кавадарци ќе продолжиме и понатаму да се залагаме за донесување на мерки и политики кои во идинина ќе придонесуваат за креирање на една чиста и здрава животна средина.

 

Додади коментар