Викендот во спортската сала Партизан во Кавадарци се одржа државното првенство во џудо за помлади пионери и пионерки и млади сениори и сениорки до 23 години.За отворено првенството го прогласи Марјан Колев еден од честите организатори на државни и балкански првенства во Кавадарци.
10 клубови од Македонија со околу 95 џудисти забележаа учество на првенството, а кавадаречкиот џудо клуб Кожувчанка играше со 12 џудисти кој освоија три први места, три втори места и две трети. Првите места ги земаа Марјан Илиевски до 25 килограми, Виолета Николова до 28 килограми и Ристенче Јаневска до +57 килограми.Вторите места на државното првенство ги земаа Душица Спасова до 25 килограми, Благица Колева до +57 и Миле Плачков до 60 килограми, а третите Филип Здравев до 28 и Трајче Најдоввски до 44 килограми. Останатите џудисти Андон Мусоски, Димитар Грижев, Горазд Костов и Розе Милкова иако без награди се покажаа во одлично издание. Поради повреди и болест на овој турнир не настапија најдобрите од клубот, Никола Станоев, Мирослав Трајков, Никола Богевски, Ненад Димов, Илија Милев и Ристе Ѓорѓиев, истите оваа година беа дел од репрезентацијата на Макеоднија.
Тренерите Марјан Колев и Митко Минов велат задоволни сме од освоените резултати иако секогаш може повеќе, но имаше натпреварувачи кој прв пат испаднаа на натпревар, а покуси за некој медал останавме и заради повредите кај дел од тимот.Државното првенство го организираа Џудо федерацијата на Македонија и Џудо клубот Кожувчанка Кавадарци.
M.M
Додади коментар