ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев повторно бесрамно манипулираат со граѓаните, а во тоа соучесник е и Даниела Колева
11-06-2020 РЕГИОН
На денешната прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци. Обвинуваат дека платежната картичка што државата ќе им ја дава на граѓаните со ниски примања, била класичен поткуп.
(интегрален текст) Единствен бенефит од таканаречената домашна платежна картичка има СДСМ и Зоран Заев за вршење на класичен предизборен поткуп.
Граѓаните не знае ниту по кој критериуми ќе бидат делени картичките, а ниту пак кој ќе одлучува кој да добие, а кој не.
Со ова се остава широк простор за манипулација и класичен поткуп на граѓани пред избори.
Наместо таканаречени социјални мерки владата требаше реално да ги помогне стопанствениците и работниците со покривање на дел од плата како што предлагаше ВМРО-ДПМНЕ.
Мерките на владата се задоцнети и не претставуваат никаква помош за граѓаните.
СДСМ не се грижи за проблемите и потребите на граѓаните.
СДСМ наместо да се насочува на поткуп, во оваа време што и остана да се насочи на санирање на штетите од кризата за фирмите и за работниците.
Мерките за стопанството треба да важат и за јули и за август.
ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.
Додади коментар