ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на СДСМ за Наќе Чулев не се ништо друго освен алиби за оправдување на својата неспособност
30-05-2020 РЕГИОН
Единствени виновници за хаосот и лошите мерки за справување со корона вирусот се СДСМ, Зоран Заев, Венко Филипче и Оливер Спасовски - реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, по денешната прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци на која беше побарана оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
 
(интегрален текст) Обвинувањата на СДСМ за Наќе Чулев не се ништо друго освен алиби за оправдување на својата неспособност.
 
Чулев е врвен професионалец и тоа е она што ја боли криминалната банда на власт.
Она што СДСМ, Заев и Спасовски во три и пол години мандат не го направија во делот на грижата и безбедноста на граѓаните, Чулев го направи за само пет месеци и покрај сите политички опструкции од криминалната банда на власт 
 
Новата нормалност на Заев и СДСМ а која има за цел одржување на брзи избори за ублажување на изборниот пораз, резултира со зголемување на бројот на заразени и починати лица од корона вирус.
 
Токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болести од причина што наместо да водат грижа за здравјето на граѓаните, тие работата по политички диктат на Зоран Заев.
 
Повеќе од јасно е дека за Заев приоритет  е политичката кариера и удобната фотелја, наместо здравјето на граѓаните.
 
Граѓаните се сведоци дека СДСМ нема стратегија за справување со корона кризата, па преку пи-ар стратегии залудно се обидува да пласира лаги и манипулации.
 
Никој веќе не верува во лагите на СДСМ.
 
ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.
 

 



Share

Додади коментар