СОНК И МОН постигнаа спогодба

Доцна синоќа СОНК и МОН постигнаа спогодба. Образовниот процес во цела Македонија од денеска се одвива нормално.За штрајкувачите благодарноста од градскиот плоштад во Кавадарци денеска ја изразија членовите на регионалната синдикална организација на СОНК на чело со претседателот професор Блаже Јованов.

 

Дел од потпишаната спогодба е и ставот во кој МОН и СОНК се согласни дека постои и простор и можност за подигање на нивото на социјален дијалог помеѓу двата социјални партнери и се подготвени да преземаат дополнителни активности за подигање на нивото на социјалниот дијалог, пред се со почести работни средби на ниво на овластени претставници од двете страни.

M.Mладенова



Share

Додади коментар