Шеесет и шест годишниот Ј.А. од Кавадарци се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на улицата „Страшо Пинџур“ во с. Ваташа.

 

Од МВР информираа дека возило „Форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Л.Ѓ.(31) од Кавадарци, удрило во велосипед управуван од Ј.А.(66) од Кавадарци. Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци, информираат од МВР.

 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.