(ВИДЕО) Нови 4 лица заболени од корона вирус во земјава

Четири нови случаи на корона вирус се потврдени во Македонија, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција. Станува збор за лица од Дебар, кои биле во контакт со втората група заболени – информира Филипче и додаде дека  во Дебар и во Центар Жупа ќе биде прогласено кризна состојба.  

МТСП: Градинките и дневните центри прекинуваат со работа, бремените жени и хронично болните да останат дома како превенција од ширење на корона вирусот

Министерството за труд и социјална политика(МТСП),  согласно заклучоците, мерките и препораките на Владата ја известува јавноста дека  следните 14 дена ќе биде прекинат воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центрите за ран детски развој како и во дневните центри на територијата на Република Северна Македонија, а вработените лица во овие институции ќе бидат […]

Министерот за здравство на прес конференција ќе информира за најновите состојби со корона вирусот во земјава

Mинистерот за здравство Венко Филипче во 14.30 часот ќе одржи прес конференција на која ќе информира за најновите случувања во врска со корона вирусот и препораката на комисијата за заразни болести од утре да се прекине наставата во сите училишта и градинки…