Високи казни за прекршителите на протоколите за заштита од Ковид

Врвен приоритет е заштитата на јавното здравје и затоа нема толеранција за прекршителите на здравствените КОВИД протоколи – вели заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.   Инспекциски служби добиваат нови поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите.   Во продолжение се интегралните […]

Психо-социјална поддршка за деца, млади и родители

Во време на пандемија, психо-социјалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите. Во таа насока Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија воспоставија линија за помош на деца, млади и родители.    Телефонскиот број 072 912 676 […]

Царовска: Да не ги ризикуваме животите на нашите најблиски, најавите за бојкот на наставата се неконструктивни

Министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарски прашања за најавите на бојкот на наставата, рече дека се неодговорни и дека сите носиме одговорноста за заштита на јавното здравје. Во исклучително посебни услови, во време на пандемија,  успешно ја стартувавме учебната година, така што дел од учениците наставата ја посетуваат со физичко присуство, под […]

Царовска: Утре официјално започнува новата учебна година, 600 училишта ќе одржуваат настава со физичко присуство, за останатите достапно учење на далечина

Во услови на пандемија предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид-19, утре официјално започнува новата учебна година во Република Северна Македонија. Согласно Планот и протоколите за организација кои ги подготвија институциите на системот во меѓусебна соработка и со поддршка на бројни засегнати чинители,  наставата ќе се реализира и со физичко присуство и од далечина. […]

Владата одобри продолжен престој во училиштата, почнуваат со работа дневните центри и игротеките

Одобрена е организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.   Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести […]