МОН:Државниот матурски одбор го прифати предлогот државната матура да се состои од два екстерни и два интерни испити и проектна задача

Државниот матурски одбор на денешниот онлајн состанок на кој учествуваше и министерката за образование и наука Мила Царовска го прифати предлогот државната матура да се сости од 4 испити (2 екстерни и 2 интерни) и проектна задача. Во наредните денови одборот ќе треба да подготви нова предлог концепција.   На состанокот министерката Царовска и претставниците […]

УХМР: За викендот врнежи од снег

Поради продор на многу студена воздушна маса од север денеска попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка. Утринските температури на места ќе […]

Извештај на ИЈЗ од 25 до 31 јануари, 2021г: Зголемeн бројот на нови случаи, намален на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 25 до 31 јануари 2021, тестирани се вкупно 13.742 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во […]

Комисијата препорача да останат на сила истите досегашни мерки за угостителските објекти и администрацијата

Министерството за здравство информира дека на денешниот состанок Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот.   Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот.   Работата во државна и […]

СДСМ: Пописот е важен за развојот, потребен за народот, зад бојкотот стои Груевски кој сака да закочи се

„Целиот наш народ виде, се потврди, зад блокадите, бојкотот и саботажите на пописот како статистичка операција стои побегнатиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски.  Исто така почитувани граѓани се потврди дека Христијан Мицкоски не е ништо друго освен слеп послушник на насоките на Никола Груевски.   ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мицкосвски се против напредокот на оваа земја и […]