МОН: доставата на новите материјали за учење за прво, второ, четврто и петто одделение и на учебниците за останатите одделенија ќе заврши пред 1 септември
Дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година. Учениците […]








