Филипче: Ги знам проблемите и имам решенија на граѓаните од четвртата изборна единица

„Јас сум присутен насекаде во државата, посебно во регионот на Изборната единица 4. Изминатиот период комуницирам со многу луѓе од тој регион, имам познавање и за потребите и за можните решенија на нивните проблеми“, истакна Венко Филипче во телевизиско интервју по речиси две и пол години откако ја напушти функцијата министер за здравство.   Тој […]

Николоски: Ангажманот на Венко Филипче во 4-ката е потенцијална лидерска битка во СДСМ, Филипче да одговори за неговата улога при набавката на вакцини, модуларната болница, и случајот Онкологија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на Венко Филипче и ангажманот во 4-тата изборна единица истакна дека според него се работи за потенцијална лидерска битка во СДСМ по изборите и кој да го преземе раководството во СДСМ, но Венко Филипче треба да даде одговори на многу прашања во јавноста како […]

Филипче: Платите на докторите се покачија двојно, обезбедивме квалитетен инсулин за дијабетичарите

Венко Филипче во своето прво интервју по објавената кандидатура за пратеник се осврна на реализираните проекти во здравството додека тој беше министер во период од пет години, кога Владата ја предводеше Зоран Заев.    Филипче истакна дека во тој период, и покрај сите предизвици со Ковид кризата, реализирани се низа проекти и реформи кои се […]

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК?

Би сакал да ја продолжиме темата која што ја отворив минатата недела на која што до денес не добивме релевантни и кредибилни одговори во однос на улогата на спорни странски консултанти во кампањата на Стево Пендаровски на СДСМ. Имено целата мината недела  поставував прашања за улогата на Асаф Еисин во кампањата на Стево Пендаровски и […]

СДСМ: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, со сите нереализирани изборни ветувања ДПМНЕ излезе со нови лажни ветувања.  Промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.   Скопјани, но и граѓаните во над 40 општини ширум државата под […]

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 800 милиони за македонското земјоделство, од доходовна поддршка за земјоделците преку опрема до откупни центри

  Во период од 4 години 800 милиони евра ќе се слеат од владата кон земјоделците и земјоделието.  Средствата се предвидени како доходовна поддршка на земјоделците, како субвенции, грантови и друг вид на поддршка, потоа инвестиции во диверзификација, инфраструктура и опрема.   Предвидени се средства за стимулирање на осигурувањето на земјоделските поседи и посеви.   […]

СДСМ: Во новата програма просечна пензија од 500 евра!

СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма.  Повисок животен стандард, европски плати и пензии се еден од клучните столбови на планот за европска иднина на Македонија.  Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра – стои во денешното […]