22 години телевизија КТВ

22 години телевизија КТВ

На денешен ден пред 22 години телевизија КТВ започна да емитува телевизиска програма. За почеток нашата програма ја следеа само жителите од општина Кавадарци, а потоа со поставување на репетитор на репетиторскиот пункт Голем Љубаш нашата програма стана сдостапна и за жителите на Неготино и Росоман со наслените места.

КТВ во изминативе години континуирано расте и се развива. Со своите содржини, пред се информативната програма која се темели на објективност и непристрасност,  стана нераскилив дел од секојдневието на кавадарачни и тиквешани. Постојано се стремиме на гледачите да им понудиме квалитет како од технички така и од програмски карактер.

Оваа година е мошне значајна за нашиот развој и работење. Од први јуни годинава телевизија КТВ прерасна во регионала тв станица. Сега нашата програма е достапна во повардарскиот регион. Програмските содржини преку дигиталниот мултиплексер на ОНЕ, преку каблеските мрежи,  Макс тв и БООМ се достапни за гледачите на Кавадарци, Неготино,Росоман, Демир Капија, Градско, Велес, Свети Николе, Лозово и Чашка.

Наскоро во регионалните вести и во останатата програма на КТВ ќе отстапиме простори за секојдневието на граѓаните од сите општини каде се емитува нашата програма.

ВИ благодариме на подршката и вниманието што во овие 22 години во континуитет ја имаме од Вас. КТВ и понатаму останува сервис на граѓаните, останува Ваша телевизија.