Изложба на делата на Роберт Цветковски во Кавадарци

Изложба со наслов „Порака“ авторски потпишана од Роберт Цветковски синоќа беше отворена во градската галерија при Домот на културата Иван Мазов Климе. Цветковски е роден 1965 година во Куманово, дипломира на факултетот за ликовна уметност во Скопје, а денес работи во Гимназијата во Крива Паланка како ликовен педагог.Дваесетина самостојни изложби, учесник во повеќе колонии, автор на повеќе од 200 групни изложби во земјава и светот стои запишано за Роберт Цветковски. За него и неговото сликарство пред публиката во Кавадарци зборуваше уметникот Петар Наневски.

Дека Кавадарци може да се гордее со бројот на изложби во последните години, но и квалитетот на авторите потврди директорот на домот на културата Владимир Темков.

Авторот е презадоволен што е дел од Кавадарци.   Делата на Роберт Цветковски се наоѓаат во голем број приватни колекции во САД , Кина , Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Франција, Германија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Македонија, како и во постојани колекции во Центарот за современа уметност во Подгорица Црна Гора.

M.M