Подрачното училиште кое започна да се гради во село Паликура наместо за две години ќе биде готово до пролет.
До крајот на 2013 ќе бидат финиширани градежните работи,на пролет ќе се уредува ентериерот, а од септемви 2014 ќе заѕвони и училишното ѕвонче вели градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов од кој дознаваме дека деновиве се работи на кровната конструкција на училиштето.Лазов во изјава за ктв информира и за капацитетот на училиштето во изградба.
М.М