Чистење на брегот на Тиквешкото Езеро кај преливната шахта на ХЕЦ “Тиквеш“ беше организирано денес од страна на еколошкото друштво “Еко живот” од Кавадарци во рамките на националната акција “Македонија” без отпад. Во акцијата учествуваа ученици и наставници екологисти од основните општински училишта “Пере Тошев” од Росоман и “Страшо Пинџур” и “Гоце Делчев” од Кавадарци.
-Целта е да се подигне свеста кај населението дека немаме резервна планета и дека природата не треба да се валка бидејќи идните поколенија заслужуваат да им оставиме здрава животна средина. -рече претседателот на “Еко живот” Роберто Паризов.
Тој упати голема благодарност за поддршката од Советот на општина Кавадарци и ХЕЦ “Тиквеш“.
С.Д.