Есенскиот панаѓур во Кавадарци започнува од петок

Есенскиот панаѓур во Кавадарци започнува од петок

Општина Кавадрци ги информира граѓаните на Кавадарци и регионот дека, традиционалниот „Есенски панѓур“ 2013, ќе се одржи во деновите 11, 12 и 13 октомври.

Локацијата и годинава останува непроменета. Штандовите на излагачите на панаѓурот се сместени на булеварот „Никола Минчев“ поранешен „Едвард Кардељ“ на потегот од кружниот тек кај новата автобуска станица, до спојот на булевартор со регионалниот пат „Северен Булевар“ – обиколница.