Ребалансот на буџетот на општина Кавадарци утре на седница на совет

Ребалансот на буџетот на општина Кавадарци утре на седница на совет

Кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Кавадарци за 2013 година-трет квартал и ребалансот се дел од точките на дневен ред за утрешната седница на советот на општина Кавадарци закажана за 12 часот.

Советниците покрај за општинската каса ќе расправаат и за предлог планот на програмите за развој, нацрт урбанистичките планови за село Конопиште, урбан блок 10к Опитно поле и за урбаните блокови 22К и 23 К.

Исто така советниците треба да се изјаснат по предлог прогрмата за организиран дочек на новата година.

А.Д