Какво време не очекува утре?

Какво време не очекува утре?

Во сабота во раните утрински часови облачно со слабо провејување на снег. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -7°C до 1°C, а максималните дневни температури од 1°C до 9°C.

 

Студено утро не очекува во недела со утрински температури кои ќе се движат од -10°C до -3°C. Во текот ќе биде претежно сончево и ветровито. Слаб јужен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 5°C до 12°C.