Пред пет години, на 11 јуни 2009 година од печат излезе првиот број на општинското гласило „Кав`даречки весник“ со што се возобнови традицијата на овој печатен медиум во Кавадарци. Од тогаш до денеска секоја втора недела без прекин весникот е достапен во трафиките низ градот.
Во досегашните 100 броја главна девиза на весникот беше „регистрира-не коментира“. Уредникот на овој медиум Димитар Мурџев вели дека и во наредниот период весникот ќе ја продолжи ова пракса со цел читателите да не бидат во подредена улога.
„Преку овој весник најдовме уште една форма на отчетност и искрен пристап до граѓаните, покрај редовните прес конференции и гостувања на ТВ, отворениот ден вго општината како и директните средби на терен во урбаните и месните заедници. Сето ова со весникот не прави единствени во однос на транспарентното работење“ вели градоначалникот Александар Панов бидејќи идејата за возобновување на весникот е негова програмска определба во првиот градоначалнички мандат.
Телевизија КТВ го честита овој јубилеј со желби „Кав`даречки весник“ да има континуитет во својата работа, а нашата соработка која започна од првиот број ја продолжуваме и во понатамошниот период. Наши новинарски текстови и понатаму ќе бидат дел од понудата на весникот.
А.Д