Ален Славица за Нова Година ќе пее на плоштадот во Неготино

Ален Славица за Нова Година ќе пее на плоштадот во Неготино

Неготино се подготвува за организиран дочек на новата година. Градот се облекува во новогодишно руво, а од локалната самоуправа велат дека се прават последните подготовки за да се покажат како добри домаќини за сите што ќе се одлучат најлудата ноќ да ја поминат на плоштадот.

Предвидена е четири часовна забава, а за доброто расположение на присутните граѓани ќе се погрижат еминентни естрадни уметници. Свој настап ќе има еден од најпопуларните интерпретатори  од Хрватска, Ален Славица, група Чардак и групата Деј Килд Кени.

Зачекорувањето во новата година ќе биде одбележано и со спектакуларен огномет.