Ќе се реши проблемот со водоводот на 16 улици во градот и ќе се изгради нов резервоар за вода со капацитет од 5.000 метри кубни. Ова го најави Петар Самандов, соработник во одделението за комунална дејност на општина Неготино.
Општината, од свој буџет, деновиве ја подготвува проектната документација со којашто ќе аплицира во Светската банка за пари со кои ќе се овозможи реализација на проектот. Истиот, како што најавија од општината треба да се реализира до крајот на 2014 година. Со тоа ќе се реши проблемот со губењето на водата и со рестрикциите во Неготино.
Е.Д