Во Центарот за вработување во Кавадарци се регистрирани повеЌе вработувања во текот на минатата година врз основа на активните мерки кои ги нуди Агенцијата за вработување на Македонија а се со цел намалување на бројот на невработени. Ова го соопШти раководителот на Центарот Благојчо Борисов.
-Преку мерката кредитирање има 17 вработувања а кредитирање на правни субјекти 8. Преку мерката плодоуживање се вработени 2 лица а преку самовработување 26. 23 лица ја користеа мерката субвенционирано вработување а 3 реализираа обука за познат работодавач. Една од наШите активности значи беШе посредување при вработување, бидејЌи ние сме линкот помеЃу невработените и фирмите, рече Борисов.
488 лица се вработиле на ваков начин, преку користење на мерките за вработување кои ги нуди Агенцијата за вработување. Овде не влегуваат големиот број на лица кои се вработија во германската фабрика на “Дрекслмаер” во Кавадарци.
-2.783 лица се вработени лани во германската фабрика “Дрекслмаер” во Кавадарци од вкупно 3.800 нововработени. Според тоа Што ни е најавено до крајот на оваа година или до март следната, вкупниот број на работници кои Ќе се вработат во фабриката треба да изнесува 4.180-рече Борисов.
Тој нагласи дека пред околу 4 години бројот на невработени изнесуваше околу 9.700. Околу 4.500 лица најдоа вработување од тогаШ до денес. Сега активно бараат работа 3.372 лица а пасивно, 2.227.
С.Д.