74 годишен неготинец деновиве се обидел да бакне продавачка во салон за мебел во Неготино.
Дека ваков случај имало во Неготино потврди Анита Стојковска, портпарол во СВР Велес.
-Околу 15.30 часот 74 годишниот неготинец влегол во салонот за мебел во Неготино и се обидел да ја бакне вработената. Таа се оттргнала од него и повикала помош. По пријавување на настанот лицето било приведено во просториите на полициската станица во Неготино и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок-рече денес Стојковска.
С.Д