Денеска е реализирана првата доброволна крводарителска акција за 2014 година. По успешно надминатиот календар за изминатата и оваа година крводарителството во Кавадарци започнува со позитивни вибрации.По традиција првата акција започна во салата на општинското собрание што значи домаќин беше Локаланата Самоуправа, организатор е општинската организација на Црвен Крст Кавадарци, а целна група беше граѓанството.За успешно спроведена акција одговорноста и овој пат ја превзеде екипа на службата за трансфузиона медицина од чие име говори доктор Атанас Трајков.
Над четириесетина доброволно дарувани единици крв на час до крајот на акцијата говорат за повеќе од успешно спроведена акција, што значи дека и годинава несомнено Кавадарци ќе биде на врвот од хуманоста. Инаку денеска сите граѓани кој даруваа крв добија бесплатно комплетна биохемиска анализа.