Едукација на најмладите за здрави заби

Едукација на најмладите за здрави заби

Пeдодонтите од Кавадарци низ тековна активност која редовно се обавува во текот на учебната година ги едуцираат најмладите од основното образование за негата и здравите заби.

 

Денеска ваква едукативна средба се одржа во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ каде првачињата учеа за млечните и трајни заби, за миењето на истите и редовната посета на стоматолог.Ова се работи постојано со секоја нова генерација, а вродува со плод потврдува за КТВ специјалист доктор Горица Неделковска педодонт во Здравствен дом Кавадарци.

 

Основните навики ги знаат најмладите. Велат дека редовно и правилно се грижат за здрави заби.

 

Едукативните средби со првачињата продолжуваат и понатаму.На ред се училиштата кои до сега не биле дел од педодонските предавања.

М.М