Зачестија и рутинските контроли на ПС од ОН Кавадарци. Резултат во последните неколку недели се расфетлените случаи особено кај кражбите и нарко дилерите и уживатели на дроги. Во последната рутиснка контрола на кавадаречката Полиција дознаваме денеска од наш полициски извор поради брзата интервенција на полициските службеници успешно е фатен продавач на дрога од Кавадарци и тоа во моментот кога истата ја предавал на купувачот.
По извршениот претрес на лице место кај лицето во целиот случај во улога на продавач пронајдена е марихуана во количина од 20 грама , а ова лице и лицето купувач се приведени и задржани во кавадаречката полиција на распит.
Од Полицијата потврдуваат дека во интерес на целата истрага претрес е извршен и во возилата и домовите на двајцата.Случајот за ктв го потврди и СВР Велес додавајќи дека против двајцата прекршители ќе следуваат соодветни пријави. Од кавадаречката Полиција пак нагласуваат дека ќе се интензивираат рутинските контроли и активно ќе се работи на откривањето на продажба на наркотични дроги.Ќе нема застој за да се намали степенот на ваквите прекршоци во статистиката на Полицијата децидни се надлежните.
М.М