Oд утре на сила стапуваат нови рестриктивни мерки. Полицискиот час наместо од 22 ќе започнува во 20 часот. Се затвораат сите угостителски објекти во земјава, a се воведуваат и други рестриктивни мерки – информираше денеска премиерот Зоран Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче објасни дека формата на болеста е различна од онаа од ноември, и сега има повеќе хоспитализирани случаи, а исто така и вирусот има некоја форма, која, како што вели, досега не е видена.
„Се соочуваме со бран кој што е предизвикан од мутација, која е различна од вирусот и бранот од ноември. Имаме голем број на пациенти кои се хоспитализирани во болниците, лекувањето трае нешто подолго од претходно, и тоа создава дополнителен товар за сите здравствени установи и работници. Сегашните мерки кои беа на сила не дозволија раст, сепак, е огромна бројката на новодијагностицирани, огромен број на хоспитализирани, иако тоа со динамика се акумулира, и сметаме дека празниците може дополнително да ја комплицираат ситуацијата, и не сакаме да дозволиме во продолжение да се случи уште едно оптоварување на здравствениот систем, вероајтно тешко тогаш би можеле да го менаџариме и затоа се овие мерки “ рече Филипче.
А.Д