ИЗЛОЖБА НА ГРАФИКИ НА ЛИКОВНИОТ УМЕТНИК МОМЧИЛО АВРАМОВСКИ ОД КУМАНОВО

Момчило Аврамовски припаѓа на постарата генерација на македонски академски уметници кои што сеуште се активни со потврден творечки континуитет. Солидната ликовна едукација и огромното искуство, познавањето на сликарските технологии како и хетерогениот интерес за сите гранки на ликовното делување го промовираат Аврамовски во автор со дела работени во повеќе медоуми: слики, цртежи, скулптури и графики. Со  триесетина самостојни изложби и учество на повече од 100 групни изложби проекти и колонии Аврамовски сеуште добива покани за учество во Шпанија, Полска, Обединетите Арапски Емирати, Италија и  други.

Концептот којшто го преферира Момчило Аврамовски во создавањето на графичките листови е комплексна визуелна цртаќка филозофија, градена на искуство и емпирија како и на желбата да се открие нешто ново  во техничка смисла, да се направи фузија меѓу цртежот и графиката рече на отворањето на изложбата  историчарот на уметноста Роберт Цветковски.

 

                Генералната порака на Аврамовски  е дека светот го толкува како квантно енергетско поле во кое што движењето и промената се вечни како и трансформацијата на материјата во енергија и обратно. Тој и синоќа им се обрати на просутните  посакувајќи во својата седумдесета година да биде дел од заедничка излоќба на македонски графичари .

Мирјана Мукаетова