Познати добитниците на највисокото општинско признание „7 ми септември“

Познати добитниците на највисокото општинско признание „7 ми септември“

„Инел Интернационал“ во знак на општествено признание за особени постигнувања во областа на интернет, тв и телефонски и мрежни системи и проф. Д-р Кирил Темков за особени постигнувања во областа на општествените науки се годинашниве добитници на наградата „7 ми септември“. Вака одлучи денеска советот на општина Кавадарци во рамки на 34-та седница.

 

Наградата се состои од плакета и диплома а на добитниците ќе им биде врачена на свечената седница која ке се одржи на празникот на градот.

 

Годинава биле доставени седум предлози, а комисијата за празници и манифестации се одлучила наградата да им биде доделена на овие добитници.

 

Дефинирање на критериуми и посериозен пристап побараа советниците за наредните години при доделување на ова општинско признание кое се доделува по повод денот на ослободувањето на градот.

А.Д