Педесет и деветгодишна жена од Неготино се здобила со тешки телесни повреди додека извршувала работни задачи во основно училиште, информираат од полицијата.
Настанот бил пријавен вчера наутро, во 08:35 часот, кога Л.Ќ. (59) била пренесена за укажување медицинска помош во Општата болница во Велес. За случајот веднаш бил известен и инспектор за безбедност и заштита при работа, кој ќе ги утврдува причините за несреќата на работното место.
Приведен неготинец за закани кон кавадарчанец
Истиот ден, во 14:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино извршиле службен разговор со А.Л. (52) од Неготино. Разговорот следувал по претходна пријава дека тој преку телефон упатувал закани кон 42-годишен жител на Кавадарци.
За настанот е известен Јавен обвинител, а од полицијата најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот против неготинецот ќе биде поднесена соодветна пријава.