Советот за превеција од малолетничко престапништво на град Кавадарци продолжува да ги советува учениците од основните училишта да ги избегнат пороците и да се насочат кон позитивните работи во животот.
По трибината во ООУ „Тошо Велков Пепето“ на која присуствуваше пинк ѕвездичката Трајче Ѓорѓиев, денеска трибина се одржа во дворот на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“.
Учениците од ова училишта имаа можност да ја запознаат пинк ѕаездичката Мартија Станојковиќ. Таа од учениците беше пречекана како вистинска голема ѕвезда, а им порача на младите да останат настрана од лошите пороци и да изберат спорт, музика, уметност. А.Д
повеќе во видео изданието на вестите…


