300 пријави на штети во земјоделството доставени до општина Неготино

300 пријави на штети во земјоделството доставени до општина Неготино

По објавениот повик од општина Неготино до земјоделците за пријавување на штетите на земјоделските насади веќе се доставени 300 пријави.

 

„ Денеска беше последен ден за пријавување на штетите на земјоделските насади за штетите кои ниските температури ги предизвика и можат да кажам дека околу 300 земјоделци од општината поднесоа пријави. Најчести се пријавите на земјоделци кои имаат штети на лозови и овошни насади и тоа производители од селата  во општината, но и од градот. Денеска беше последен ден за доставување на пријави, а веќе општината има формирано стручна комисија која ќе излезе на терен и ќе ја утврдва фактичката состојба, односно штета “- вели Митко Толовски соработник за заштита на животната средина при локална самоуправа Неготино.

 

Откако општински комисии  ќе извршат увид во фактичката состојба на терен и ќе ги утврдуваат штетите, записникот ќе биде усвоен од страна на Советот на општина Неготино и доставен до ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Инаку, општина Неготино го објави овој јавен повик пред една недела за пријавување на штетите кои ниските температури ги предизвикаа на земјоделските насади и тоа во периодот од 27 до 29 март за овошни насади и 20 април  за лозови и други насади.

 

Maja Aлексовска