Младиот планинар Ване Бошев со амбициозна агенда

Младиот планинар Ване Бошев со амбициозна агенда

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино во месец август ќе се обиде да ги освои врвовите Гросвендигер во Австрија висок 3666 метри н.в, Чугшпиц висок 2962 м.н.в и Алспиц висок 2628 м.н.в во Германија. Токму овие искачувања беа поводот Ване и неговиот татко Орданчо Бошев да го посетат градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов да разговараат и да го информираат за самите искачувања.

 

Градоначалникот Апостолов истакна дека секогаш го поддржувал Ване во неговите искачувања и освојувања на врвовите и му посака среќа и овој пат да успее да ги оствари зацртаните цели.

 

Ване, неговиот татко и петчлената планинарска експедиција од

  Македонија и Србија заминуваат на 4 август каде во периодот од 8 денови денови ќе се обидат да ги освојат овие три врвови. 

 

Доколку ги искачи овие врвови, Ване ќе постигне нов личен рекорд и ќе го постигне неговиот најголем успех, но и успех на Македонија, бидејќи ќе биде првиот македонец но и балканец кој на деветгодишна возраст се искачил токму на тие врвови.

 

Maja Алексовска