Се крпеа ударните дупки на главната улица во Криволак

Општина Неготино во координација со месното население изврши санирање на ударните дупки во Криволак. Санирани се оштетените места на асвалтниот коловоз од централното подрачје на Криволак па се до воeниот полигон.

 

 По завршувањето на градежните активности  ќе дојде до значително подобрување на условите за одвивање на сообраќајот на овој патен правец, а со самото тоа и зголемена безбедност и сигурност на сите учесници во сообраќајот – информираат од Службата за односи со јавноста при општина Неготино.