ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ГРАЃАНИ ВО ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ГРАЃАНИ ВО ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

Согледувајќи ја состојбата во поплавените подрачја каде во овој момент се наметнува потреба за обезбедување на дополнителни количини на вода за пиење и средства за хигиена, за населението,  општината Кавадарци и градоначалникот утре (понеделник 08.08.2016г) на градскиот плоштад во времето од 10:00 до 13:00 часот организира хуманитарна акција за прибирање на помош за настраданите жители од поплавените подрачја во Скопје и тетовско.

 

Градоначалникот и Општината ги повикуваат сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат, своите донации да ги достават на пунктот на градскиот полштад во Кавадарци.

 

Нашата скромна помош, за настраданите од невремето и пороите во овој момент ќе значи многу – се вели во известувањето од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.