Дваесетина литри наврнаа во Кавадарци

Дваесетина литри наврнаа во Кавадарци

Циклонот кој ја зафати земјава донесе пообилни врнежи од дожд. Според податоците од метеоролошката станица во Кавадарци за  два дена регистриран  е воден талог од 21 л/м2.

 

Според стручњаците од аграрот дождот е добредојден за земјоделските култури. За момент ја запре бербата на трепзните сорти на грозје, а може да има штети кај лозовите насади каде не е извршена квалитетна заштита против гроздов молец.

 

Според УХМР, стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура се очекуа од утре.

А.Д