Највисокото општинско признание, наградата „7ми септември“ по повод денот на ослободувањето на Кавадарци ќе го добијат тројца кавадарчани.
Благој Пешиќ добива награда за особен придонес во развојот на стрелаштвото и стрелачкиот спорт, д-р Бранко Поповски, гинеколог-акушер вработен во Општа болница Кавадарци, за особен придонес во медицината и постхумно Глигор Чемерски, за особен придонес во уметноста.
Ваква одлука денеска во рамки на 47-та седница донесе советот на општина Кавадарци. Наградата ќе им биде доделена на свечената седница што ќе се одржи на 7 ми септември, празникот на Кавадарци.
А.Д