Во тек е изградбата на локалниот пат Росоман – Сирково. Средствата се обезбедени дел од државата, а дел од локалната самоуправа.
Изградбата ќе се одвива во две фази, а според планирањата до крајот на годината ќе се заврши со изградба.
Градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов нагласува дека уште една придобивка од овој пат е што ќе биде спојка со експресниот пат Градско – Прилеп.
М.М