ГФК Тиквеш на подготовки во Охрид

ГФК Тиквеш на подготовки во Охрид

Екипата на ГФК Тиквеш вчера замина за Охрид каде ке одработи десет дневни подготовки за претстојната прволигашка сезона. Планирано е во Охрид да се одиграат и неколку контролни натпревари во рамките на подготвителниот период.

 

Непосредно пред заминувањето кавадарчани ги претставија и најновите засилувања. Станува збор за црномурестите Фортунато Да Силва и Ибрахима Тиам од кои се очекува да бидат големо засилување за новиот прволигаш. Да Силва е по потекло од Ангола, а има и холандско државјанство од каде и доаѓа во Тиквеш додека Тиам е Сенегалец и потекнува од школата на францускиот прволигашот Амиен.

М.В.