Загина возач на камион кај Црвени Брегови

Загина возач на камион кај Црвени Брегови

Вчера  околу 12.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман“ со кумановски регистарски  ознаки, сопственост на фирма од Куманово, а управувано од П.М.(21) од с. Сопот,  кавадаречко, додека вршело ископ во водите на реката Вардар во атар на с.Црвени Брегови, се превртело во реката. Притоа, возачот П.М. загинал на местото, а совозачот Д.Е.(19) од с.Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во  болницата во Неготино.

 

Бил извршен увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. – информираат од СВР Велес.