Скопскиот тим е фаворит на хартија но кавадаречките фудбалери ја посакуваат првата прволигашка победа по 17 год.

Во недела од 16 часот се играат средбите од редовното 4 коло во ПМФЛ. Двојките за ова коло се: Академија Пандев – Ренова, две екипи кои засега се лидери на табелата, Борец – Брегалница, Шкендија – Македонија ЃП, Струга ТЉ – Шкупи, Скопје – Пелистер и Работнички – Тиквеш. Нашите фудбалери во првите три кола забележаа едно реми и два пораза и моментално сме 11 на табелата а послаб скор има само Пелистер кој сеуште нема ниту еден бод.
Работнички пак има победа, пораз и реми и барем на хартија е фаворит во овој натпревар. Инаку по три одиграни кола на табелата водат екипите на Академија Пандев,Шкупи и Ренова кои собраа по 7 бода.
М.В.