(ВИДЕО) Креативноста на децата со посебни потреби на изложба во Кавадарци

(ВИДЕО) Креативноста на децата со посебни потреби на изложба во Кавадарци

 

Креативноста на децата со посебни потреби од дневниот центар „Свети Кирил“ од Скопје и нивните гости уметници денеска беше на увид на кавадарчани.  Беше отворена хуманитарна изложба на мозаици, цртани шишиња и чаши, рачно плетен накит и слики.

 

„Децата со посебни потреби сакаат љубов и внимание. Во нашиот центар постојано работиме со децата и имаме одлични резултати во нивниот развој – вели управителот на дневниот центар Олгица Ѓеоргиева.

 

Многу е мала подршката од државата за децата со посебни потреби – вели Ѓеоргиева.

 

 Меѓу изложувачите беа и Розе Мојсовска, сликарката која слика со уста, таа е горда на своите дела и како што вели божјата дарба.

 

А.Д